Никола Митревски продолжува да блеска на голот на Порто. Капитенот на македонската ракометна репрезентација повторно ја имаше клучната улога во победата на својот тим.
Митревски запиша 11 одбрани против Брага, а Порто славеше со 34-25. По овој меч на официјалната „Фејсбук“ страница од клубот ги прогласија МВП играчите кои биле клучни за нивните победи.
Тимот на македонскиот репрезентативец има 44 бода, два помалку од лидерот Спортинг со кого овој викенд на гостински терен игра дерби натпревар.