Марко Ројс го одигра последниот меч на домашен терен за екипата на Борусија (Д) и по финалето во ЛШ е јасно дека ќе си замине. Долго време се шпекулира дека негова следна дестинација ќе бидат САД и МЛС лигата, но според некои пишувања трансферот во САД може на крајот да излезе и проблематичен.
Сент Луис е тимот кој е заинтересиран за германскиот ветеран, а интересот не го крие и Интер Мајами, каде Марко Ројс ќе стане дел од ѕвездената екипа со Лионел Меси.
Но, поради едно посебно правило кое го има американската лига, Интер Мајами ќе мора да чека на Ројс доколку некој од другите клубови не го договорат. Според тамошните медиуми, екипата на Шарлот ФК има право прва да преговара со Ројс, бидејќи тој е на нивниот список. Доколку Интер Мајами сака да го преземе тоа право, мора да плати 50.000 долари.
Шарлот ФК потоа ќе има три дена да постигне конкретен договор со, на пример, Марко Ројс, а во спротивно клубот што плаќа може да почне да го прави истото.
Засега е неизвесно како ќе течат преговорите, но Ројс е решен да замине во САД.