И официјално. Во среда во финалето во Купот на Македонија, за првпат во нашата фудбалска историја во мак – фудбалот на еден натпревар ќе има ВАР технологија. Тиквеш и Воска како протагонисти на овој меч ќе се впишат во историјата.
Инаку главен судија на теренот ќе биде Александар Ставрев, ова за него ќе биде петто финале. Претходно судеше во 2021, 2017, 2013 и 2007 година. Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов, Куштрим Лика и Димитар Пилешков, додека во ВАР собата ќе бидат Јован Качевски и Даниел Василевски.