Веќе е јасно дека ПСЖ останува без Килијан Мбапе, но денешните вести од Париз велат дека тренерот Луис Енрике има намера да го “откачи“ Осман Дембеле, напаѓачот кој следната сезона требаше да биде прва ѕвезда во тимот.
Имено шпанскиот стратег не бил задоволен од однесувањето на Дембеле во последните неколку денови, поточно откако ПСЖ беше елиминиран од Дортмунд во полуфиналето во Лигата на Шампионите.
Уште повеќе поради фактот дека Дембеле присуствувал на забавите на Мбапе и тоа во Кан.
Како ли тоа ќе се изведе ако се знае дека Дембеле е под договор а ретко кој клуб се интересира за него со оглед на неговиот карактер. Си замина од Барселона на мала врата што се вели, но еве и во ПСЖ продолжува по старо.