Сега и дефинитивно се познати судиите кои ќе ја делат правдата на финалето на Купот на Македонија меѓу Тиквеш и Воска Спорт. Имено како што „СпортСпорт“ објави пред два часа, Александар Ставрев ќе биде главен, а тоа значи дека по петти пат во неговата кариера ќе суди финале во Купот.
Кај неговите помошници дојде до мала промена. Па така место Димитар Пилешков кој требаше да биде четврти, сега тоа е Јован Качевски а Штипјанецот оди во ВАР собата заедно со Даниел Василевски.
Инаку први помошници на Ставрев на теренот на Арената ќе бидат Дејан Костадинов и Куштрим Лика, како што веќе објавивме.
Инаку за првпат во мак – фудбалот ќе има ВАР техонологија.