И официјално, бараж мечот за пополнување на ПМФЛ меѓу Вардар и Детонит се игра во Струмица и тоа во недела со почеток во 17 часот. Во опција биле Штип и Битола, но сепак надлежните во Фудбалската федерација на Македонија одлучиле овој меч да се игра во Струмица на стадионот “Благој Истатов“.
Познато е дека кој ќе биде победникот од дуелот меѓу Вардар и Детонит следната сезона ќе игра во ПМФЛ и ќе им се придружи на Струга ТЛ, Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Силекс, Работнички, Гостивар, Брера, Воска, Беса и Пелистер.