Меѓу сите ѕвезди во составот на англискиот шампион Манчестер Сити има и едно име кое практично не одигра ниту една минута, а веќе го освои 11-тиот трофеј.
„Скот Карсон ја има најдобрата работа на светот“, напишаа неколку фанови на „граѓаните“ на социјалните мрежи по освојувањето на Суперкупот на Европа од кој помина речиси една година, а за Скот Карсон не се смени ништо. Тој вчера ја освои единаесеттата титула со Манчестер Сити, тринаесетта во неговата кариера.
Ако го извадиме калкулаторот и направиме математика, Англичанецот на секои десет минути кога бил на теренот има освоено по една титула. Тој и оваа година беше само трет голман на Манчестер Сити, а со своите 38 години, ретко кој очекуваше да го види на голот на „граѓаните“ на некој од многу важните дуели сезонава.
Откако слета во Манчестер во 2019 година, тој одлично ја прифати својата улога на трет голман, но она што малкумина го знаат, тој всушност е еден вид на „менаџер во соблекувална“. Скот има улога на столб на тимот и еден од главните „зад сцената“ кои ја изнесуваат на виделина важноста на менталитетот на тимот. Скот пристигна во Сити најпрвин на позајмица во летото 2019 година од Дерби Каунти, а конечно потпиша како слободен играч летото 2021 година.
Човекот кој е „невидлив“ на натпреварите на Манчестер Сити и оваа сезона, додаде уште една титула во неговиот завиден рекорд: четири Премиер лигашки трофеи, еден трофеј од Лигата на шампионите, еден ФА Куп трофеј, два трофеи од Лига КУпот на Англија, еден Комјунити Шилд, еден Суперкуп на Европа и еден трофеј од Светското клупско првенство.