Се разбира дека за фото на 33.коло во ПМФЛ во штотуку завршената сезона е она кога најдобрите во Македонија го подигаат пехарот по вторпат во својата клупска историја. Не може поинаку, никако.
Струга ТЛ заслужено и во оваа сезона ја освои титулата, втора во низа. Стружани едноставно покажаа најмногу и заслужено се радуваат на фантастичниот успех.
Во градот Струга веќе неколку дена се слави овој успех на Струга Трим Лум.