Добра вест фановите на МЗТ Скопје: Војдан ќе биде во составот за втората пресметка со Пелистер

200

Денеска продолжува битката за титулата во Првата лига. И втората средба се игра во СЦ „Јане Сандански“ (почеток 19 часот), а МЗТ Скопје води со 1-0, откако во доста неизвесен натпревар го победи Пелистер.

На почетокот на последната четвртина, актуелниот македонски првак остана без својот главен лидер, Војдан Стојановски, кој се повреди и до крајот на мечот не се врати на теренот. Но, тука беше неговиот брат близнак, Дамјан, кој ја превзема одговорноста, заедно со останатите кошаркари успеаја да го скршат отпорот на битолчани. Добра вест за фановите на бранителот на титулата е дека Војдан ќе биде во составот за денешната средба.

Пелистер пак имаше шанса да се увери дека може да дојде до брејк на теренот на МЗТ Скопје. Избраниците на Дарко Радуловиќ имаа падови, дури и двоцифрена негатива, но се вратија резултатски и дури поведоа. Токму овој кам-бек ја направи првата средба неизвесна и воедно не убеди дека можеби оваа сезона ќе гледаме далеку поизедначена битка.

Во истиот термин од 19 часот во „Кале“, Работнички и ТФТ ја го играат вториот натпревар за третото место, водат „црвено-белите“ со 1-0.

ПретходноШаховскиот клуб Мулти Есенс се квалификуваше во Втората лига! Младинците ја оправдаа довербата!
СледноГатузо ја напушта Европа, се сели во Саудиска Арабија