Легендарниот тренер на Селтик, Нил Ленон е нов стратег на романскиот прволигаш Рапид Букурешт. Тренерот од Северна Ирска потпиша договор со поранешниот романски првак до летото 2026 година, а на клупата ќе го замени Кристијано Бергорди кој доби отказ во април оваа година.
Ленон како тренер освои пет шампионски титули со Селтик во шкотската Премиер лига, четири трофеја од Купот на Шкотска, еден во Лига купот на Шкотска. Беше тренер и на Болтон, Хибернијан, а последен клуб му беше Омонија од Кипар со кој го освои Купот на Кипар во 2022 година.