Фудбалерот на Вардар, Матеус Лемос, по повредата на предниот вкрстен лигамент успешно е опериран. Играчот од Бразил кој игра на крилната позиција се повреди во 17. минута од средбата против Воска во во 29. коло во домашниот шампионат.
Сега следува долг период на рехабилитација за Лемос кој би требало да трае од шест до осум месеци, па враќање во дресот на Вардар се очекува во јануари 2025.
Вардар овој викенд ќе игра против Детонит Плачковица во баражот за опстанок во ПМФЛ.