Арне Слот го наследи Јирген Клоп и веќе се фрли во акција. Наводно, крилниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Јохан Бакајоко е првата желба на холандскиот стручњак.
Слот имаше можност да игра со Феенорд против брзоногиот фудбалер и верува дека одлично би се вклопил во својот нов тим.
Бакајоко штотуку наполни 21 година, а во ПСВ пристигна од академијата на Андерлехт во 2019 година. Тој порасна и зазеде место во првиот тим, а оваа сезона експлодираше со „дабл-дабл“ учинок од 14 гола и 14 асистенции на 48 натпревари во сите натпреварувања и е еден од најзаслужните што титулата му се врати на Ајндховен.
Наводно, ПСВ е подготвен да го пушти за сума под 50 милиони евра, што е прифатливо и за Ливерпул.
Бакајоко игра десно крило, па би бил вистински конкурент и наследник на Мохамед Салах.
Сепак, се верува дека со неговото доаѓање некој би морал да си замине, бидејќи таму се и Јота, Дарвин Нуњез, Луис Дијаз, Коди Гакпо, па практично има голема гужва во офанзивната линија.