Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска (14:30 часот) ќе ги почне мечевите од квалификациите на Грен слем турнирот Ролан Гарос. Таа на теренот ќе игра против домашната тенисерка Марго Рувруа.
Французинката има 23 години и се наоѓа на 285.то место на ВТА листата и на турнирот игра игра со вајлд карта. Рувруа најдобриот пласман во кариерата го имаше на 15.јануари 2024 година кога беше рангирана на 231.то место.
Инаку, овој меч е четврти на програмата на теренот Сузан Леглен, а претходно на истиот терен ќе играат и познатите имиња како Диего Шварцман (Аргентина), Сара Ерани (Италија). Првиот меч на овој терен ќе почне во 10 часот.