Австрија на Евро 2024 ќе оди без својот капитен Давид Алаба, кој е повреден и не е вклучен во списокот од 29 фудбалери кои селекторот Рангник ги стави како потенцијални патници на континенталното првенство.
Алаба има скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено во декември и не е доволно закрепнат за да игра на ЕП, иако ќе биде присутен на подготовките со соиграчите.
„Секако, многу е жално што Алаба нема да биде со нас. Разговарав со него последните недели, а тој инсистираше на тоа дека негова голема желба е да биде со нас и покрај се“, објасни Ралф Рангник.
Од списокот со 29 играчи, Рангник ќе мора да отстрани најмалку три имиња до 7 јуни во финалниот список на патници за Германија.
Unser Großkader vor der @EURO2024! 💪🏻🇦🇹 #gEMma #GemeinsamÖSTERREICH
__________
👉🏻 Tickets für das letzte Heimspiel vor der EURO: https://t.co/yWDn31pfUT pic.twitter.com/Awrpub0XdC— ÖFB – oefb.at (@oefb1904) May 21, 2024