Александар Божилов од Бугарија и Ива Павловиќ од Србија – апсолутни победници на 4. Стопанска Триоги триатлон

221

Трка каква што и доликува на една метропола, за време на 4. Stopanska Triogy Triathlon што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ и во околината. Најдобро од триатлнската заедница од регионот му даде посебен шмек на настанот, правејќи трката да биде врвна, поставувајќи нови стандарди. Главен спонзор на трката беше Стопанска лизинг АД Скопје. Наградите во главните категории ги врачија Жарко Кржаловски, директор на Стопанска лизинг и Дарко Костовски, директор на продажба.

Апсолутни победници на трката се Александар Божилов од триатлонскиот клуб „Космос“ од Софија, Бугарија и Ива Павловиќ од Клубот на екстремни спортови „Крагуевац“ од Србија. Второ место во машка конкуренција освои Филип Виленца од клубот „Максимир“ од Загреб, а трето – Борис Андреев од „Тритим“ од Софија. Кај жените, втора заврши Лана Гавриловиќ од ТК Сава Крагуевац, а трета – Анастасија Пејчева од Tri Team од Софија, Бугарија.

Ви ги споделуваме наградените во поважните категории:

Сениори
Мажи

1.Борис Андреев, Тритеам Софија, Бугарија
2.Албион Имери, Косово Триатлон Федерација, Косово
3.Матко Сариќ, ТК Максимир, Загреб, Хрватска
Жени
1.Лана Гавриловиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија
2.Анастасија Пејчева, Tri Team, Софија
3.Магдалена Станковска, Триоги рејсинг Скопје

Јуниори

Мажи
1.Александар Божилов, Космос, Софија, Бугарија
2.Филип Виленица ТК Максимир Загреб
3.Андро Шертиќ, ТК Максимир Загреб

Жени
1.Ива Павловиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагуевац, Србија
2.Роза Шпорчиќ, ТК Максимир, Хрватска
3.Мила Тркулја, ТК Максимир, Хрватска

Кадети

Мажи
1.Матеј Магдиќ, ТК Максимир Загреб
2.Валентин Илиев, Три плеј, Бугарија
3.Кристијан Колев, ТК Палашев Пазарџик

Жени
1.Маша Марковиќ, Клуб на екстремни спортови, Крагујевац, Србија
2.Дуња Тодиќ, ТК Сава Сремска Митровица, Србија
3.Бистра Груевска, ТК Триоги Рејсинг, Скопје, Македонија

ПретходноБензема се враќа во Европа: Се споменува името на новиот клуб!
СледноРК Бутел се засили со репрезентативец на БиХ