Тиквеш имаше одлична сезона, ја заврши на 4.место на табелата. Тоа е најдобар пласман во историјата на клубот, јасно е дека сега кавадарчани посакуваат сето тоа да го заокружат со освојување на трофејот во Купот на Македонија и со излез во Европа.
На денешниот прес во пресрет на утрешното финале во Купот, свој коментар имаше и капитенот на кавадарчани Александар Вареловски:
“Со пласманот во ова финале и двата клуба испишаа историја. Мора да сме сконцентрирани во текот на целиот меч, нема право на грешка било кој. Ние имаме успешна сезона и ова со пласманот во финалето дојде како плус по фантастичните настапи во првенството во кое завршивме како четврти. Секако дека сега посакуваме сето тоа да го заокружиме со освојувањето на пехарот во Купот и излез во Европа. Можам само да претпоставам каква ќе биде тоа радост и славје во Кавадарци ако утре излеземе како победници“ истакна Вареловски.