Астон Вила идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, што значи дека ќе треба и да го засили ростерот за сезоната во која освен што треба да игра во Европа ќе треба да игра и во Премиер лигата и куповите.
Според „Гардијан“, Астон Вила сака да го врати поранешниот англиски репрезентативец Рос Баркли кој оваа сезона играше за Лутон таун кој испадна од Премиер лигата.
Баркли во 2020/21 играше за Астон Вила како позајмен од Челзи. Потоа потпиша постојан договор со Ница, а во август минатата година го засили Лутон.
Тој играше и за Евертон на почетокот на кариерата, а за Англија има 33 натпревари.