Искусниот француски напаѓач Карим Бензема не е задоволен во Саудиска Арабија во тимот на Ал-Итихад. Вчера се појави вест дека Бензема би можел да се врати од „ветената земја“.
Дека оваа информација не е само шпекулација покажува и неодамнешната посета на Бензема во Мадрид. Французинот им призна на блиски луѓе дека повеќе не може да ја издржи ситуацијата во клубот од Саудиска Арабија и дека жали што трчал по пари.
Тој нема да се врати во Реал Мадрид, а веќе почнаа шпекулациите за тоа кој би можел да биде новиот клуб.
Наводно, Бензема би можел да ја заврши кариерата во Франција, а се посериозни се приказните за можното враќање во Лион, каде што започна неговата блескава кариера.
Самиот Бензема изрази желба да се врати во Европа, а кој клуб ќе испрати конкретна понуда ќе видиме летово.
Бензема има договор со Ал-Итихад до летото 2026 година, па клубот од Саудиска Арабија се прашува нешто околу трансферот.
Лион е единствениот клуб кој се споменува во моментов и логично е играчите кои се постари да се поврзуваат со нивните матични клубови.
Карим Бензема сигурно може да понуди уште две-три сезони врвен фудбал и ќе видиме каде ќе ја продолжи кариерата.