И фудбалерите на Воска Спорт вечерва ја „почувствуваа“ Арената во Скопје, каде утре избраниците на Срѓан Захариевски ќе излезат на мегдан со Тиквеш во историската битка за освојување на Купот на Македонија.
Покрај пехарот наменет за најдобриот, победникот ќе има можност и за европско претставување следната сезона.