Фудбалерите на Тиквеш вечерва го одржаа официјалниот тренинг пред утрешното финале на Купот на Македонија. Кавадарчани историски ќе се обидат да дојдат до првиот куп пехар во дуелот со екипата на Воска Спорт.
Финалето е закажано утре на Националната Арена “Тодор Проески” со почеток во 19 часот.