Капитенот на клубот од Охрид, искусниот голман Костадин Захов има искуство од играње на вакви големи мечеви, финалиња. Ова за него ќе биде четвврто финале, а во два наврати како голман на Шкендија се има радувано.
Се надева дека така ќе биде и утре:
“И јас да кажам дека ова ќе биде историски меч за двата клуба. Ние нема што да загубиме, секако дека е тоа мое мислење. Да, како тим, како играчи сме искусни, но како клуб не сме. Ова е нов клуб што се вели. Сепак не е тајна дека секој сака да го освои пехарот во Купот на Македонија, тука нема ништо спорно, играме за да победиме. Респект за противникот, но ние се надеваме дека ќе славиме утре после завршување на финалето“ посочи Костадин Захов.