30-годишниот голман на англискиот шампион Манчестер Сити, Едерсон, изненадувачки би можел да го напушти Манчестер Сити на крајот од оваа сезона. Веста ја објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Бразилецот би можел да биде продаден во случај на добра понуда. Интерес за Едерсон има од саудиските клубови, но Бразилецот ќе донесе одлука откако е заврши сезоната. Се зависи од него, а Пеп Гвардиола ја чека неговата одлука.
Едерсон во Сити пристигна пред седум години од Бенфика за 40 милиони евра.