Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез утринава пристигна во Париз и се очекува да има ручек со францускиот претседател Емануел Макрон, пренесува АС. На оваа средба ќе биде присутен и директорот на клубот Емилио Бутрагењо.
Најверојатно главната тема на разговорот меѓу нив е поврзана со потенцијалното учество на Килијан Мбапе на Олимпијадата во Париз. Како што е познато, токму Реал Мадрид е следниот клуб на францускиот интернационалец, кој летово ќе го напушти Пари Сен Жермен како слободен играч.
Макрон силно се надева дека напаѓачот ќе игра за Франција на Олимпијадата. Сепак, „Кралскиот клуб“ веќе испрати писмо до локалната фудбалска федерација дека нема да им дозволат на нивните француски фудбалери да играат во Париз доколку претходно учествувале на ЕП 2024. Секако, Мбапе ќе биде во составот на Франција за европско Првенство во Германија и затоа претседателот на државата ќе мора лично да го убеди Перез да му даде дозвола на стрелецот да се натпреварува на Олимпијадата.
❗️Florentino Perez has just landed in Paris. Lunch with France President Emmanuel Macron is on the agenda. @AndiOnrubia ✈️ pic.twitter.com/ab5OYnsDOt
— Madrid Zone (@theMadridZone) May 21, 2024