Флорентино Перез загуби битка со ПСЖ

5236

Талентираниот дефанзивец Лени Јоро (18) наскоро ќе стане нов играч на францускиот шампион ПСЖ. Парижаните го договорија неговиот трансфер со Лил и го победија Реал Мадрид во трката за неговиот потпис.

Флорентино Перез не сакаше да троши огромни пари за овој млад играч. Иако му се предвидува голема иднина, тој веруваше дека Јоро не вреди повеќе од 30 милиони евра.

Токму таква беше понудата на Реал. Сепак, Лил не се согласи на тоа, а потоа се појави ПСЖ.

Парижаните за разлика од мадридските гиганти не сакаа да се пазарат. Без проблем се договорија да платат 50 милиони евра и Јоро најверојатно од следната сезона ќе го носи дресот на тимот од „Паркот Принцевите“.

Иако има само 18 години, Лени Јоро е доста доминантен на теренот. Стандарден е во првиот тим на Лил и не е ни чудо што беше избран во идеалниот тим на првенството.

Со своите игри привлече големо внимание од големите клубови. Трансферот беше сосема очекуван и прашање беше само со кој гигант ќе заврши.

На крајот победи ПСЖ. Јоро ќе ги засили редовите на овој тим, а во Париз можат да се радуваат што барем еднаш го победија Флорентино Перез.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YL15 (@lenyyoro)

ПретходноАнглиската легенда ја откри следната работа на Клоп
СледноЃорческа денеска ги стартува квалификациите на Ролан Гарос