Французинката Стефани Фрапар (40) која е интернационален судија со знак на ФИФА ќе го суди финалниот натпревар од Купот на Грција меѓу Панатинаикос и Арис.
Тимовите од Атина и Солун ќе се сретнат на 25 мај на стадионот во Волос, а за првпат правдата на еден ваков одлучувачки меч во Грција ќе ја дели судијка.
Фрапар е позната низ фудбалска Европа. Таа е највисоко рангирана судјка УЕФА, а од 2009 година е под знакот на ФИФА. Својот пробив на големата сцена го имаше во 2019 година, кога стана првата жена што судела натпревар од француската елита, а во истата сезона ја делеше правдата и на натпреварот од Купот меѓу Стразбур и Амиен.
Истата година беше делегирана да го суди натпреварот и Суперкупот на Европа меѓу Челзи и Ливерпул.