Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши својот настап во квалификациите за Грен Слем турнирот Ролан Гарос. Уште во првото коло, нашата тенисерка загуби од домашната тенисерка Маро Рувруа.
И покрај тоа што Ѓорческа влезе во овој дуел како подобро рангирана, сепак не успеа да слави против французинката која беше подобра со 2:1 во сетови, односно 2:6, 7:5 и 3:6 во меч кој траеше 2 часа и 12 минути.