Италијанскиот фудбалски стручњак Џенаро Гатузо очигледно ќе биде нов тренер на саудискиот прволигаш Ал Тавун. Според италијанскиот печат, 46-годишниот стратег ги договорил сите детали околу неговата преселба во Саудиска Арабија, се чека уште официјална потврда.
Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец својата последна работа ја имаше во Марсеј, со кој раководеше од септември 2023 година до февруари оваа година. Пред тоа ги тренираше Милан, Валенсија, Фиорентина, Наполи, Псија, ОФИ од Крит.
На две кола до крајот на саудиското првенство, Ал Тавун, моментално е на четвртото место.