Екипата на Кино Влае во баскет 3×3 учестуваше на Рода првенството на Србија во Митровица и го освои второто место и сребреното одличје. Во финалето нашите „баскетџии“ загубија од повеќекратниот победник, воедно и домаќин на турнирот, екипата Хил Топ.
Екипата на Кино Влае составена од Христијан Ристов, Милорад Миновски и Блажо Митков беше придружена од Фатјон Реџа, кој го замени Марко Дујковиќ, кој се уште се нема приклучено на подготвките по добрата сезона во Шведска и освоената награда за најдобар центар.
Ова го означува почетокот на подготовките на екипата Кино Влае, која на лето ја очекуваат турнири на домашната сцена, но и многу меѓународни турнири во соседните земји. Во зависност од распоредот и обврските екипата подготовките може да ги одработи и со кратки посети на елитни турнири во Германија, Шведска, Франција, Шпанија, Виетнам и Америка каде што имаат директни покани од организаторите.