Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос објави дека ќе ја заврши фудбалската кариера по настапот на ЕП 2024 година.
„17 јули 2014 година е денот кој ми го промени животот, мојата кариера, пред се ме промени како личност. Тоа е денот на мојата презентација во Реал Мадрид. Тоа беше почеток на нов живот во најголемиот клуб во светот. Денес, 10 години подоцна, кога ќе заврши сезоната, завршува и мојата кариера како фудбалер“, напиша Крос.
„Како што кажав претходно, Реал ќе ми биде последен клуб. Па мојата одлука е да се повлечам од активното играње по завршување на ЕП 2024“, додаде Германецот.