Маурисио Покетино нема да го води Челзи следната сезона. Влијателните англиски медиуми објавија дека се чека само официјалното соопштение од „сините“, но аргентинскиот тренер веќе се простил од лондонскиот тим. Денеска Аргентиецот имал средба со раководството на кое е донесена конечната одлука.
Консензуално раскинување на договорот по средбата со спортските директори Пол Винстанли и Лоренс Стјуарт е договорено, па Покетино ќе си замине од Челзи за да отвори простор за ново тренерско решение.
Веднаш се појавија и гласини за тоа кој е насписокот на потецијални кандидати за наследник на Покетино. Во прв ред се Себастијан Хенес (Штутгарт), Мичел и Киран Мекена, но и името на италијанскиот тренер Енцо Мареска се споменува како можен наследник на покетино.