И дефинитивно Кавадарци е во победничка атмосфера во пресрет на денешното финале во Купот на Македонија, каде од 19 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје кавадаречки Тиквеш ќе се обиде да испише историја. За ривал во своето прво финале ја има Воска и ќе оди по пехарот, но ќе оди и по првиот излез во Европа.
Синоќа во градот припаднците на навивачката група “Лозари“ имаа свое шоу. Тие не кријат дека денеска патуваат во Скопје по победа и дека ќе се вратат во Кавадарци со драгоцениот пехар.
Според последните информации се очекува кавадаречка инвазија на Скопје, најмалку 5.000 фанови на Тиквеш денеска да отпатуваат во главниот град и да им дадат поддршка на играчите на стратегот Ѓорѓи Мојсов.