Левандовски: Реал доби многу натпревари, а не играше добро, токму во тоа ние мораме да се подобриме

773

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски призна дека сака да стане најдобар стрелец во шпанската Ла Лига следната сезона, а ја прокоментира ситуацијата во оваа сезона и титулата за Реал Мадрид.
По последните натпревари, стана јасно дека ќе ми биде тешко да станам најдобар стрелец во сезоната во Ла Лига. Ако не го направам тоа оваа година, ќе се обидам следната година.

Уверен сум дека следната сезона ќе постигнувам повеќе голови од оваа сезона. Мојата идеја и мојата цел е да постигнувам повеќе голови отколку во мојата прва година во Барса. Знам дека сум подготвен и можам да го направам тоа“.

Оваа сезона Полјакот има 18 гола и 8 асистенции во 34 натпревари во Примера. Тој нема да си оди од „Ноу Камп“ и покрај информациите дека ќе ја менува средината.
Имаме голем потенцијал во тимот, со многу добри играчи, а може да освоиме повеќе натпревари и титули следната сезона, исто така, можам да постигнам повеќе голови од минатата сезона, бидејќи се чувствувам многу добро физички. Исто така, оваа година игравме со многу млади играчи и мислам дека тоа беше големо искуство за нив. Ова искуство, за следната сезона, како за младите играчи, така и за целиот тим, ќе ни помогне да ги добиеме натпреварите што ги загубивме оваа година.
Имаше натпревари што можевме да ги добиеме, а не успеавме. Да не ги загубивме тие бодови ќе бевме погоре на табелата. Секако за титули освен што треба да се игра добро треба да се има и среќата, а оваа година немавме среќа и со повреди“, додаде Полјакот.

За елиминацијата од Лигата на шампионите, тој призна:
Кога размислувам за Лигата на шампионите, мислам само на еден натпревар: реваншот против ПСЖ. Тоа беше еден лош ден и мислам дека ова искуство е многу важно за нас. Сега е тешко да прифатиме, но, размислувајќи за иднината, тоа може да биде многу важно во Ла Лига, Реал Мадрид победи на многу натпревари без да игра добро и мислам дека тоа е нешто што треба да го подобриме следната сезона“.

ПретходноЗахариевски: Честитки за Тиквеш, кавадарчани заслужено го освоија пехарот!
СледноДаниел Мојсов: Оваа публика, градот Кавадарци го заслужија овој историски успех!