Севиља пикирала италијански тренер за наредната сезона. Јасно е дека Кике Санчез Флорес ќе си замине по одигрувањето на последното коло во Ла Лига, па андалузискиот клуб и неколкукратен освојувач на Лига Европа ќе бара нов тренер.
Според шпанските медиуми, Севиља му понудила тригодишен договор на италијанскиот тренер Маурицио Сари. 65-годишниот екс-тренер на Челзи и на Лацио ќе ја прифати понудата под услов да добие гаранции дека ќе ги добие играчите кои тој ќе ги посака. Исто така тој сака шест помошници.
Севиља моментално е на 13 позиција на табелата.