Јирген Клоп не е веќе тренер на Ливерпул. Германецот по цели 9 години минати меѓу “Редси“ во неделата се прости од фановите. Сепак како што денеска пишуваат медиумите на Островот, Клоп како да може без култниот “Енфилд“ па така веќе следниот месец повторно ќе биде на овој стадион.
Имено не се работи дека Германецот се враќа во Ливерпул, туку дека ќе присуствува на концертот на Тејлор Свифт, кој ќе се одржи на “Енфилд“ следниот месец.