Баскет Кам ја одбрани шампионската титула и ги обедини трите круни!

176

Екипата на Баскет Кам е освојувач на шампионскиот трофеј на Македонија во женска сениорска конкуренција откако и во третиот меч од финалната серија на плеј-офот го победија Вардар.
По двете победи во Македонска Каменица, вечерва кошаркарките предводени од Жаклина Стојановски славеше и во Скопје, овојпат со 77:74.
На тој начин Баскет Кам стана првта екипа која успеала да ги обедини трите круни – Суперкупот, Купот на Македонија и шампионската.
А кошаркарката на овој клуб, Цветанка Димова беше прогласена и за најкорисен играч на финалето на плеј-офот.

ПретходноЛукман го „растури“ Баер и на Аталанта ѝ го донесе трофејот од ЛЕ (видео)
СледноФото на денот: Браво деца, вака се сака Тиквеш!