Бостон поведе во финалето на Истокот: Несфатлива грешка и чудесна тројка го решија победникот

535

Бостон Селтикс ја совлада Индијана Пејсерс со 133:128 по продолжението на првиот натпревар од конференциското финале на НБА плеј-офот. Во серија која се игра на четири победи и ќе даде учесник во големото финале на НБА лигата, Бостон ја искористи големата грешка на Индијана на крајот и поведе со 1:0. Вториот натпревар се игра во четврток, повторно во Бостон.

Клучниот момент на натпреварот се случи на десет секунди пред крајот. Индијана имаше предност 117:114 и топка од страна, момент кој не го искористи. Сијакам направи грешка, а на другата страна Браун постигна тројка за изедначување и продолжение во кое Бостон беше подобар.

Браун натпреварот го заврши со 26 поени, седум скока и пет асистенции. тројката од продолженијата беше единствената што ја постигна. Вкупно упати четири удари од далечина. Џејсон Тејтум постигна 36 со 12 скока, а Џру Холидеј додаде 28. Имаше и седум скока и осум асистенции.

Халибартон постигна 25 поени и уфрли 10 асистенции за Пејсерси, а Мајлс Тарнер постигна 23 и забележа 10 скока. Сијакам натпреварот го заврши со 24 поени, 12 скока и седум асистенции.

ПретходноПеп решил да го продаде голманот Едерсон
СледноГвардиола е прогласен за тренер на сезоната во Премиер-лига: Имаше порака за Артета, Клоп…