Дефанзивецот Александар Ристевски во иднина нема да ги брани боите на Брера Струмица, потврдија од клубот.
„Неговиот договор истече и Ристевски е слободен играч во пресрет на преодниот рок. Тој беше еден од клучните одбрамбени играчи за нашиот прв тим кој го засили во јули минатата година, доаѓајки од таборот на Штипска Брегалница.
Александар Ристевски за нашиот тим одигра вкупно 28 првенствени меча а против Тиквеш се запиша и во листата на стрелци.
Ристевски ти благодариме за се и многу успеси во иднина“, се вели во известувањето на Брера.