Се чини дека кошаркарските фанови во Србија може да здивнат. Иако информацијата сеуште официјално не е потврдена, сепак се чини дека е готово. А тоа е дека Никола Јокиќ ќе игра за Србија на претстојните ОИ во Париз.
Секако дека оваа вест доаѓа од извори кои се многу блиски до Јокиќ и до селекторот на репрезентацијата Светислав Пешиќ, но сепак треба да се почека и официјална потврда од двете страни.
Исто така секако дека Србија, која е офицјален светски вицешампион без и со Јокиќ со најдобриот кошаркар во светот не е истата репрезентација.