Вардар е јуниорски шампион на Македонија!

88

Финалниот натпревар во М18 лигата во кој се сретнаа екипите на Вардар и Водно Санс донесе одлична игра од двата финалисти. Ефикасна, возбудлива, на крај и драматична завршница во која како победник излегоа кошаркарите на Вардар, славеа со 106-97.

Кај Вардар, Марјановиќ постигна 25 поени (имаше и 11. скока, и четири асистенции), Лукановски освен 25 поени придодаде и 19 скока (и пет асистенции), а ги следеа Најдов, односно Младеновски со по 16. поени, додека Трајковски заврши со 13.

Ќириловски и Трајанов, заедно со Д. Бутемер го предводеа тимот на Водно Санс.

Актуелниот јуниорски репрезентативец и играч на КК Вардар, Марко Лукановски е најкорисниот играч на завршниот турнир од М18 лигата на Македонија во машка конкуренција.

Центарот на „вардарци“ имаше две одлични изданија, како во полуфиналето така и во мечот за титулата. Доминираше на двете страни од теренот, а финалниот меч, против екипата на Водно Санс стигна до индекс на корисност 46.

М18 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Водно Санс – Феникс 2010 84:78

Вардар – Кожув 97:74

ЗA ТРЕТО МЕСТО

Феникс 2010 – Кожув      84:67

ФИНАЛЕ

Вардар – Водно Санс       106:97

ПретходноКопа Америка воведе дополнителна замена за посебни ситуации
СледноБум: Србија со Јокиќ на ОИ во Париз!