Од клупата или од покрај аут – линијата командуваше постариот брат Мојсов, Ѓорѓи, на теренот командуваше помладиот Мојсов, Даниел.
За првпат во нашиот фудбал двајца браќа, еден од клупата и еден како играч, го освоја пехарот во Купот.
По мечот радоста на Даниел Мојсов и немаше крај:
„Ја контролиравме играта, ги контролиравме настантите на теренот. Според шансите победата требаше да биде поубедлива, но јасно е кога ќе се победи на едно вакво финале тоа е помалку е важно. Важно е што го освоивме пехарот, оваа публика тоа го заслужи, градот Кавадарци го заслужи овој историски успех. Јас сум среќен, уште ова ми фалеше и ете, успеав да го освојам овој пехар. Уште посреќен сум што со мојот матичен клуб ќе играм и во Европа. Можеби после Европа ќе размислам за играчка пензија. На крај да кажам дека сега мојот град Кавадарци може да се радува“ посочи помладиот Мојсов.