ЛЕ финале: Аталанта против чудото од Леверкузен!

132

Вечерва во 21 часот во Даблин се игра финалето во УЕФА Лигата на Европа. Се среќаваат Аталанта и Баер Леверкузен, тоа се две екипи кои во сезоната 2023/24 покажаа најмногу во ова натпреварување и заслужено ќе бијат битка за престижниот пехар во Лигата на Европа.

Image

Главно прашање е дали Аталанта предводена од Џан Пјеро Гасперини ќе може да му се спротистави на чудото од Леверкузен кое е предводено од Чаби Алонсо. Баер досега нема пораз во сезоната 2023/24 во сите натпреварувања. Освои веќе еден трофеј и тоа во Бундеслигата, а покрај ова финале има и завршен меч во Купот на Германија.Image

Се разбира дека Чаби Алонсо и неговите момци сакаат се да освојат, посакуваа оваа фантастична сезона да се памети со три трофеи.

Сепак, за ова се прашува и силната Аталанта кој знае што сака, знае што треба да прави и знае како да дојде до пехарот.

Секогаш кога меѓусебе играат италијански и германски клубови тоа е интересен меч, но Аталанта не игра „италијански“, туку отворено и на гол повеќе. Со оглед на тоа дека се знае како игра Баер по водство на Чаби Алонсо, тоа секако дека ќе биде спектакл, тоа ќе биде фудбал за уживање.

ПретходноБум: Србија со Јокиќ на ОИ во Париз!
СледноБоро Смилковски е новиот селектор на младинската репрезентација на Македонија!