Екипата на Аталанта е освојувач на Лигата на Европа откако во фантастична игра го совлада Баер Леверкузен со 3:0 во финалето одиграно во Даблин, а сите три гола ги постигна Адемола Лукман. Тимот од Бергамо пред себе го имаше непобедливиот Баер, кој неодамна првпат во историјата ја освоија Бундес лигата, немаа пораз до сега во сите натпреварување.
А четата на Гасперини одигра фантастичен пресинг и го надигра Баер во првото полувреме, преку Лукман поведе со 2:0. На спротивната страна Леверкузен беше непрепознатлив, со многу грешки, а и без идеја во нападот.
Во второто полувреме Баер се подразбуди и почна да притиска, го зголеми поседот на топката, сепак, ниту еднаш не ја проби противничката одбрана. Напрвоти, Аталанта го чекаше својот момент и го дочека во 75 минута преку Лукман да го заокружи овој меч.
Контра напад, Лукман погодува за конечни 3:0.
Трофејот од ЛЕ прв пат оди во Бергамо. Баер Леверкузен ја прекина серијата од 51 натпревар без пораз.
Всушност, Аталанта од значајните трофеи до вечерва можеше да се пофали со Купот на Италија во 1963 година, пред неколку денови го загуби финалето од Купот од Јувентус, но сега на витрината ќе го стави трофејот од Лига Европа.
ПРВИОТ ГОЛ НА ЛУКМАН НА ОВОЈ ЛИНК
ВТОРИОТ ГОЛ НА ЛУКМАН НА ОВОЈ ЛИНК
ТРЕТИОТ ГОЛ НА ЛУКМАН НА ОВОЈ ЛИНК