Нема што, по подолго време гледавме одлично финале. Многу шанси, три гола, на крајот за малку 2:2, стативи, сепак овој Тиквеш покажа дека е моќен и затоа слави историски успех.
По победата над Воска од 2:1, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини им го предаде пехарот на победничкиот тим.
Следуваше големо славје, еуфорично славје.
Како ли ќе биде вечерва во Кавадарци можеме само да претпоставиме.