Традицијата продолжува. Имено како што и досега беше така и овојпат. Раководството на Фудбалската федерација на Македонија, на чело со претеседателот Муамед Сејдини, а тука беа и потпретседателот Лазар Ракиџиев и генералниот секретар Наталија Илиевска Божиновска, организираше заеднички ручек на финалистите на Купот. Од страна на Тиквеш тука беше првиот човек на клубот Миле Масларков, а претставник на Воска Спорт беше сопственикот на клубот од Охрид, Нефи Усеини.
Се разбира дека си посакаа многу среќа и успех во финалето кое започнува за некоја минута.