Денеска во Даблин, во пресрет на финалето во ЛЕ, Извршниот комитет на УЕФА се состана и одлучи за тоа кои градови и стадиони ќе бидат домаќини на финалните мечеви во ЛШ во 2026 и 2027 година.
За во 2026 одлуката е тоа да биде “Пушкаш Арената“ во Будимпешта, а за 2027 година тоа да биде “Сан Сиро“ во Милано, но за ова треба дополнителни гаранции.
Инаку познато е дека оваа година на 1 јуни финалето во ЛШ ќе се игра на “Вембли“ во Лондон, додека во следното финале, тоа во 2025 е закажано за “Алијанц Арената“ во Минхен.