31.финале Куп на Македонија: Патот на Тиквеш и Воска Спорт до финалето!

218

Интересен и возбудлив, па на моменти и драматичен беше патот на Тиквеш и Воска Спорт до финалето во Купот на Македонија, меч кој се игра вечерва со почеток од 19 часот на Арената во Скопје.

Кавадарчани стартуваа од првото коло, поточно од 1/16 финалето кога на гости славеа кај Арсиими со 1:2. Следуваше уште едно гостување и тоа кај Пелистер, и уште една победа, сега со 0:1.

Во 1/4 финалето Тиквеш ја победи Брера по изведување на пеналите а исто така го мина и Шкупи во полуфиналето во кое се играа два меча. Прво на Чаир беше 0:0, потоа во реваншот во Кавадарци исто така беше 0:0 за да дојде Тиквеш до финалето откако пенал – серијата ја доби со 5:3.

Воска Спорт исто така почна во 1/16 финалето и тоа со убедлив триумф од 0:10 на гостувањето кај Карбинци. Во следната фаза охриѓани славеа со Струга ТЛ на свој терен и тоа на пенали со 4:1.

Во 1/4 финалето Воска Спорт ја победи Брегалница среде Штип со 0:1, за да во полуфиналето беше подобра од Македонија ЃП во двата меча со 2:0 и 1:2.

ТИКВЕШ

1/16 ФИНАЛЕ: АРСИМИ – ТИКВЕШ 1:2

1/8 ФИНАЛЕ: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 0:1

1/4 ФИНАЛЕ: ТИКВЕШ – БРЕРА 1:1 (6:5П)

1/2 ФИНАЛЕ: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0:0, 0:0 (3:5П)

ВОСКА СПОРТ

1/16 ФИНАЛЕ: КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ 0:10

1/8 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 0:0 (4:1П)

1/4 ФИНАЛЕ: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ 0:1

1/2 ФИНАЛЕ: ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:0, 1:2

ПретходноИнтер ќе има нови сопственици!
СледноКопа Америка воведе дополнителна замена за посебни ситуации