Екипата на Баскет Кам е освојувач на шампионскиот трофеј на Македонија во женска сениорска конкуренција откако и во третиот меч од финалната серија на плеј-офот го победија Вардар.
По двете победи во Македонска Каменица, вечерва кошаркарките предводени од Жаклина Стојановски славеше и во Скопје, овојпат со 77:74.
На тој начин Баскет Кам стана првта екипа која успеала да ги обедини трите круни – Суперкупот, Купот на Македонија и шампионската.
А кошаркарката на овој клуб, Цветанка Димова беше прогласена и за најкорисен играч на финалето на плеј-офот.