Брера и Ристевски нема да ја продолжат соработката!

308

Дефанзивецот Александар Ристевски во иднина нема да ги брани боите на Брера Струмица, потврдија од клубот.

„Неговиот договор истече и Ристевски е слободен играч во пресрет на преодниот рок. Тој беше еден од клучните одбрамбени играчи за нашиот прв тим кој го засили во јули минатата година, доаѓајки од таборот на Штипска Брегалница.
Александар Ристевски за нашиот тим одигра вкупно 28 првенствени меча а против Тиквеш се запиша и во листата на стрелци.

Ристевски ти благодариме за се и многу успеси во иднина“, се вели во известувањето на Брера. 

ПретходноАлиоски ќе има нов клуб во следната сезона!
СледноИ ФФМ потврди: На финалето на Купот за првпат во употреба ВАР технологија во македонскиот фудбал!