Модриќ и во следната сезона ќе игра за Реал, ама за помала плата!

147

Како што денеска објавува „Марка“, се чини дека заврши сагата околу тоа каде ќе ја продолжи својата кариера Лука Модриќ. Иако се чека само официјална потврда, сепак Хрватот и во следната сезона ќе игра во “белиот“ дрес на Реал Мадрид.

Флорентино Перез му понудил нов договор на Лука, иако значително намален во однос на досегашниот, тој прифатил и тоа значи дека соработката ќе продолжи и следната сезона.

Тоа што го сакаше Модриќ и го доби, а Реал покажа дека рационално ги влече потезите. По објавувањето дека Тони Крос ја завршува кариерата по ЕУРО 2024, се чини дека ќе беше премногу “кралевите“ за следната сезона да останат и без Хрватот.

ПретходноПешиќ со демант: “Со Јокиќ на ОИ во Париз? Тоа се лажни вести!“
СледноГотово е: Тиаго Мота е новиот тренер на Јувентус, ќе потпише на три години!