Без разлика што ќе направи во финалето во ФА Купот, каде Манчестер Јунајтед игра против Манчестер Сити, Ерик Тен Хаг ќе добие отказ од страна на раководството на Јунајтед.
Ова денеска го пишуваат медиумите на Островот, а исто така го потврдува и Фабрицио Романо.
На празната клупа на гигантот од “Олд Трафорд“ најверојатно седнува Маурицио Покетино или барем бил најсериозен кандидат, кој пак доби отказ од Челзи.